февруари 19, 2015

Багдад, 19. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – “Исламска држава” планира нов напад на Стариот континент.

Радикалната група подготвува 500 илјади бегалци, кои ги испрати од Либија кон Средоземното Море. Од телефонските разговори станало јасно дека џихадистите најавиле дека ќе дојде до воена интервенција во Либија.

Во меѓувреме, американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД војуваат не со исламот, туку со терористите. Тој го кажа ова за време на меѓународниот форум во Вашинтон, посветен на борбата против екстремизмот. (Крај)

извор: Ројтерс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука