мај 24, 2023

Охрид, 24. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress до нашата редакција испратија фотографии како истекува вода на потегот кај препумпната станица кај „Горица 3“.

– Вака е веќе неколку дена. Не знаеме каква е оваа вода што истекува. Се надеваме дека не е штетна, затоа што тече по патот, каде поминуваме со велосипеди, шетаме, а поминуваат и возилата, стои во реакцијата.

Кон крајот на 2019 година, беше најавен почетокот на работите на санација на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион за прочистување и рехабилитација на цевководот на колекторот. За оваа намена беа обезбедени 4,2 милиони евра од Буџетот. Според тогашните најави, требаше дополнително да се поправат или заменат сите редуктори на 18-те препумпни станици, да се санира целиот систем за прочистување на отпадните води во пречистителната станица и да се изврши комплетно чистење на атмосферската и канализационата мрежа во должина од околу 300 километри во Охрид и Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука