Охрид, 17. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во „Тамаро“ маркетот на улицата „АСНОМ“, во населбата Бејбунар, вчера беа извлечени третите добитници на наградите во рамките на проектот „Дрвото на СРЕЌАТА“ со Франк, „Тамаро“ и Супер радио.
Овој пат беа најсреќни Гордана, Стефан и Љупка кои ќе добијат пакет Франк производи, но и специјална и уникатна шолја, посебно брендирана од страна на BoomerangMugs, кои изработуваат посебно украсени шолји.
Илија Богданоски на лице место за купувачите во „Тамаро“ изработуваше прекрасни и уникатни шолји, кои секако најдобро одат со највкусните Франк чаеви.
– Ова е веќе трета дружба со Франк во „Тамаро“ маркетите и секоја наредна е подобра и попосетена. Повторно изработивме неколку шолји за најверните купувачи на „Тамаро“. Станува збор за навистина уникатни подароци кои остануваат еден убав спомен за сите, особено во пресрет на празниците, вели Богданоски.
Проектот „Дрвото на СРЕЌАТА“ ќе трае еден месец и во него ќе ги пиеме најздравите и највкусните Франк чаеви, но и ќе добиваме вредни награди и подароци. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес