јули 6, 2024

Охрид, 6. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Света маченичка Агрипина.

Родена и воспитана во Рим. Од детството се подвизуваше да живее евангелски, одгонувајќи ја од срцето смрдливоста на страстите и налевајќи го со благоуханието на девствена чистота, со целомудрие. Му беше вереница на Господ Христос и како Негова невеста пострада во времето на царот Валеријан. Претрпе биење со стапови, сè дури не ѝ ги скрушија коските.

Ѝ се јави ангел Господов и ја укрепи. Во натамошните маки го предаде својот дух. Нејзините другарки Васа, Пауна и Агатоника ѝ ги пренесоа моштите на островот Сицилија и таму ги погребаа чесно. Подоцна овде подигнаа црква во име на Света Агрипина. Од нејзините мошти стануваа безбројни чуда.

Едно од нив е повлекувањето на Агарјаните пред силата на Светите мошти на оваа маченичка од пред градот во којшто беа положени.

Света Агрипина се упокои во 275 година.

Тропар

Оковите железни го опфатија телото твое, но љубовта кон Христа даде ослободување, не само од маченички болки, туку и од заробеноста светска која кон тебе иташе, о јагне Христово Агрипино, света девственичке, твоите молитви да бидат темјан пред престолот Божји, за спасение на родот човечки. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука