февруари 6, 2017

Либервил, 06. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Селекцијата на Камерун е победник на Купот на африканските нации, кој оваа година се играше во Габон, откако во финалето со 2-1 ја победи селекцијата на Египет.

Камерунците до петтиот трофеј стигнаа благодарение на голот на Абубакар во 89. минута од мечот.Египет прв дојде до водство со голот на Елнени во 22. минута,израмни Н’Кулу во 60. минута, а потоа Абубакар донесе огромна радост за Камерун.

Репрезентацијата на Буркина Фасо го освои бронзениот медал на Африканскиот куп откако во „малото финале“ ја совлада Гана со 1-0. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука