март 3, 2015

Истанбул, 3. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Како што пишуваат турските медиуми плејмејкерот на Галатасарај, Карлос Аројо, одлучи да го напушти клубот, поради лошата финансиска состојба и долгот што управата на клубот од Истанбул ги има кон него.

Аројо во Евролигата во просек постигнуваше по 12,5 поени и бележеше 4,3 асистенции.

Во својата богата кошаркарска кариера искусниот плејмејкер  девет години играше во НБА лигата- играше за Торонто, Денвер, Јута, Детроит, Орландо, Мајами и Бостон, а во Европа покрај Галатасарај беше дел и од екипита на Тау Керамика и Бешикташ.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука