октомври 23, 2014

Скопје, 21. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Билетите за претстојните концерти на Каролина Гочева, во рамките на промоцијата на проектот „Македонско девојче 2“ во Битола на 24-ти октомври и во Охрид еден ден подоцна се пуштени во придажба преку продажната мрежа на купи карти за се.

Концептот на овие два концерти ќе биде ист како и од концертите во Македонската Опера и Балет кои што се одржаа оваа година. Во првиот дел од концертот во целост ќе биде изведен албумот „Македонско девојче 2“, а во вториот ќе бидат изведени песни од албумот „Македонско девојче 1“.

Иако се работи за домови на култура со многу мал капацитет, од „Авалон Продукција“ се одлучија овие концерти да бидат ексклузивни и единствени, што значи дека нема да има додавање на нови датуми. Ова ќе биде единствена шанса да се види Каролина во овие два града, со овој програм, во оваа календарска година. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука