јуни 5, 2017

Дубаи, 5. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – “Катар ервејс” нема да лета за Саудиска Арабија.

Ова беше соопштено денес на официјалната веб страница на авиокомпанијата.

Одлуката на компанијата е реакција на потегот на четирите блискоисточни арапски земји, Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, да ги прекинат односите со Катар, обвинувајќи ја оваа земја дека дава поддршка на тероризмот.

Ова е најголемо политичко разидување меѓу земјите на Блискиот Исток и наедно најмоќните држави во регионот.

Објавувајќи го затворањето на транспортните правци со Катар заливските земји им дадоа на посетителите и државјаните на оваа земја две недели да ги напуштат нивните земји. Катар исто така бил исфрлен од коалицијата предводена од Саудиска Арабија која што се бори во Јемен. (Крај)

извор: Макфакс    фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука