декември 24, 2017

Охрид, 24. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 24-ти декември, во пресрет на рождеството Христово, се почитуваат строгите пости, а верниците, традиционално, постите ги завршуваат со појавата на првата вечерна ѕвезда на небото, а потоа во храмовите почнува свечената литургија.

Според преданијата, Исус Христос е роден на 25-ти декември во Витлеемската пештера, па тој датум, со разликите во календарите, се почитува во целиот христијански свет. Бадник е еден од најголемите празници за христијаните.

Заедно со католиците, овој празник го слават протестантите и Англиканската црква, како и некои православни цркви кои го прифатија Грегоријанскиот календар.

Честитки за празникот пристигна од целиот државен врв во Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука