јануари 27, 2015

Струга, 27. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот евровизиски претставник за оваа година, Даниел Кајмакоски ќе настапи на првата полуфинална вечер на Евровизија.

Полуфиналната веќер ќе се одржи на 19 мај во Виена, иако конечниот распоред на изведувачите е се’ уште непознат. На 16-ти март ќе се знае точно под кој реден број ќе настапува Даниел. На Македонскиот избор за песна на Евровизија, Кајмакоски настапи под реден број три, за што изјави дека му е среќен број. Музичарот се надева дека и на ждрепката во Виена, ќе му се падне среќен број, што би било поттик повеќе и можен императив за што подобар пласман.

Темата на Даниел Кајмакоски „Лисја есенски“ веќе имаше неколку неофицијални ремикси од македонски продуценти и дј-и.

Што се однесува до новиот циклус на музичкото талент шоу – Х-фактор, Кајмакоски неколку пати ги охрабри македонските таленти да се пријават за ова шоу. Пријавувањето на кандидатите завршува денеска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука