март 2, 2015

Женева, 2. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Неисполнувањето на договорот од Минск ќе доведе до понатамошни последици за економијата на Русија, предупреди државниот секретар на САД, Џон Кери по двата круга преговори со рускиот колега Сергеј Лавров во Женева.

– Беше истакната важноста од тоа Русија и лидерите на сепаратистите да ги почитуваат условите на договорот во Минск, вклучувајќи ги и регионите Дебалцево и Мариупол. Ако тоа не се случи, тогаш условите се применуваат само делумно, истакна Џон Кери. (Крај)

извор: Итар – ТАСС фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука