јануари 24, 2020

Вухан, 24. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во кинескиот град Вухан забрзано се гради нова болница со 1000 кревети, каде би требало да се лекуваат заболените од коронавирусот.

На фотографиите се забележуваат багери како ја порамнуваат земјата, и темелите не се готови. Но, според најавата на кинеските власти, стационарот ќе биде готов до 4-ти февруари.

Десетици багери и друга механизација почнаа со работа вчера навечер.

Ова не е првпат во Кина да се гради цела болница за само десетина дена. Кога во 2003 година изби епидемијата на САРС, од која починаа 774 лица, во Пекинг за една седмица беше изградена болница. (Крај)

извор: Плус инфо фото: МИА

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука