ноември 12, 2021

Скопје, 12. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Комисијата за заразни болести одлучи да нема нови анти-ковид мерки.

Препорачано е само почитување на постоечките мерки носење маска и држење дистанца и да се зголеми вакциналниот опфат. Комисијата ја оцени како стабилна епидемиолошката слика во земјава, иако од град во град се разликува зависно од опфатот на имунизирани.

Согласно Владината одлука донесена на крајот на октомври, од понеделник 15-ти ноември за влез во угостителските објекти ќе бидат потребни две дози вакцини или потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука