март 1, 2017

Охрид/Струга, 1. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Најголемите проблеми за компаниите од охридско – струшкиот регион се нелојалната конкуренција, нееднаквите можности за водење бизнис, а најголемото очекување е развој и подобрување на локалната инфраструктура.

Ова се заклучоците од деловната средба организирана од Бизнис Конфедерација на Македонија со претприемачите и претставниците на микро, малите и средните компании од овој регион.

Biznis Konfederacija1)

– Покрај извесни проблеми и предизвици со кои се соочуваат подеднакво сите, сепак со ваквите непосредни средби и разговори, се издвојуваат пречки што се типични за различни услужни дејности и производни сектори. Со оглед на индустриската гранка која што е најзастапена во охридско – струшкиот регион, проблемите на претприемачите на овие компании се издвојуваат по својата специфичност, а нивните барања и приоритети се дефинираат врз основа на секторот каде припаѓаат. Тоа нас ни дава насоки и прецизни одредници како и каде да делуваме, што да направиме и заедно со локалната бизнис заедница, да создадеме услови за подобар и непречен развој, изјави Миле Бошков, Претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија.

Со цел надминување на проблемите со кои се соочуваат компаниите, Бизнис Конфедерација на Македонија изработи платформа од предлог политики и стратегии базирани на најпроблематичните точки во работата на деловните субјекти. Владеење на правото, Пристап до финансии, Претприемачка култура, Лојална конкуренција и Овозможувачка правна и регулаторна средина се насловите на овие платформи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Бизнис Конфедерација

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука