февруари 21, 2017

Охрид, 21. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Откако ловороносецот Григор Прличев го „овенчаа“ со подземен контејнер пред неговиот споменик во центарот на Охрид, скоро на истата локација, повторно имаме нерешливи маки за одговорните.

– Контејнерот наменет за собирање на отпадна хартија денес беше поставен на средината на пешачката патека. Не може да се помине. Не знам зошто е ова вака, најверојатно за да добијат уште едно паркинг место, велат револтирани читатели на OhridPress, кои ни ја испратија фотографијата.

Во непосредна близина, во септември минатата година беа поставени трите предвидени подземни контејнери за централното градско подрачје, како дел од иницијативата за реализацијата на проектот на Центарот за Развој на Југозападниот плански регион за поставување на подземни контејнери во неколку градови. Оваа одлука предизвика бурни реакции во охридската јавност, пред се` поради непочитувањето кон делото на Прличев, македонскиот поет и преродбеник, кој е роден во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука