Конференција „Човековите права на лицата со хендикеп и начините за остварување на еднакви можности”

Скопје, 13. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Конференцијата „Човековите права на лицата со хендикеп и начините за остварување на еднакви можности” ќе се одржи утре во Хотел „Порта“, Скопје со почеток во 12.00 часот.

Со конференцијата официјално ќе се најави почетокот на имплементацијата на проектот „Пилот акција за пристап кон правата на работа на лицата со хендикеп“ Дог.Бр. 12-8410/1 кој ќе го реализираат партнер организациите Здружение ЛИНК, Мостар Босна и Херцеговина и Полио Плус – движење против хендикеп, Македонија.

На конференцијата се очекува учество преставник од Министерство Финансии/ ЦФЦС, преставник од Делегацијата на Европската унија во државата, преставник од Министерството за труд и социјална политика како и преставници на партнерските организации кои ќе го реализираат проектот, ЛиНК од Мостар, БиХ и Полио Плус- движење против хендикеп. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

scroll to top