јануари 29, 2015

Џакарта, 29. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Француски копилот го управувал авионот “Ер Азија”, кој летал од Сурабаја во Сингапур, во моментот кога авионот се урнал во Јаванското Море, соопшти денеска Комитетот за безбедност на сообраќајот на Индонезија.

Индонезиските истражувачи ги анализирале податоците од црната кутија, која дала евиденција на податоци од техничкиот лет и гласот пилотите за време на летот, како и прелиминарниот извештај, предаден на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство на ОН, соопшти компанијата.

Копилотот, наводно управувал со авионот, додека капетанот, искусен воен пилот, надгледувал.

Летот на “Ер Азија” падна пти силно невреме во Јаванското Море, на 28 декември, а сите 162 лица во авионот загинале. (Крај)

извор: ОхридПрес/АП фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука