јануари 27, 2017

Охрид, 27. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Моментално бројот на заболени лица од грип во Охрид е 228 лица, потврдуваат од Центарот за јавно здравје од Охрид.

Од вкупната бројка, 3 лица се на возраст до 4 години, од 5 до 14 години, заболени од грип се 2 лица, најмногу има заболени на возраст од 15 до 65 години, вкупно 211, а од 65 години нагоре, грип имаат 12 лица.

– Во последната недела од месец декември и првата недела од јануари имаше најголем број на заболени од грип, тој период беше и очекувано да е така, бидејќи грипот владееше низ целата држава. Бројките се тука некаде и во втората и третата недела од месецов, но за разлика од тогаш, пациентите се со полесна клиничка слика, вели доктор специјалист епидемиолог Јованка Стурлакова Коровешоска.

За споредба со предходните недели, податоците на Центарот за јавно здравје покажуваат дека во првата недела од јануари, во Охрид имало вкупно 300 заболени лица од грип, во втората недела биле 224, од кои најголем број пациенти на возраст од 15 до 65 годишна возраст. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука