јануари 27, 2017

Охрид, 27. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на АВ Охрид утре во 19:00 часот во Куманово играат против домаќините од КК „Куманово“.

Кумановчани имаат лош старт по зимската пауза и забележаа три порази на гостински терен.

Екипата на Охрид во моментов се наоѓа на седмата позиција на табелата. Нашите кошаркари до сега имаат само две победи, а на последниот натпревар со Куманово загубија со 66:96.

Натпреварот се игра во Спортската сала во Куманово со почеток во 19:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука