јануари 24, 2015

Лондон, 24. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот играч на Милан кој важеше за најголем талент во светот, Алесандре Пато оваа зима би можел да се врати во Премиер лигата.

Според медиумите во Англија, КПР е заинетерсиран за 25-годишниот напаѓач кој е во сопственост на Коринтианс.

Оваа сезона Пато беше позајмен во Сао Паоло каде на 30 меча постигна 12 гола, па интерес за него имаше од неколку европски клубови.

Бразилецот е целосно рехабилитиран од повредите кои го пратеа додека играше во Милано , па сега ќе има можност повторно да се докаже, овојпат во Премиер лигата. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука