февруари 13, 2020

Лондон, 13. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Кралицата Елизабета ги повикала Меган Маркл и принцот Хари да се вратат во Велика Британија на почетокот на март по повод одржувањето на прославата Денот на Комонвелт.

На 9-ти март „избеганиот пар“ би требало да се врати и за да ја збогати прославата за британската јавност да не ги осуди, доколку одлучат да не се појават и на таа прослава.

За кралицата ова е многу значаен датум па сите се убедени дека Меган и Хари ќе мора да ги спакуваат куферите и од Канада да пристигнат во Британијa затоа што немаат никава можност тоа да го одбијат.

Меган и Хари се отселија во Канада и својот дом го пронајдоа на луксузно изнајмен имот на островот Ванкувер. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука