јануари 29, 2017

Лондон, 29. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Челзи е во потрага по нов голман, откако се засилија најавите дека Тибо Куртоа по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Реал Мадрид.

Челзи веќе ја нашол можната замена за Куртоа,станува збор за голманот на Селтик, Крег Гордон, кој во минатото ја бранеше во Сандерленд.

Менаџерот Антонио Конте ги следел неговите настапи оваа сезона во дресот на Селтик и проценил дека Гордон има одлични квалитети, и дека би можел да пристигне на „Стемфорд бриџ“. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука