февруари 16, 2015

Охрид, 16. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29-годишниот М.К. од Охрид, поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Со кривична пријава се стекна и лицето И.С. за „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

На 10-ти јуни минатата година во Охрид на бул. „Туристичка“, полициски службеници извршиле преглед над патничко возило, управувано од И.С., а во кое бил М.К. и уште едно лице, на кои И.С. им овозможил да уживаат хероин во возилото, а при извршен преглед над М.К. е пронајдена 0,98 грама хероин кој го набавил од непознато лице од Струга. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука