октомври 14, 2017

Охрид, 14. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишниот Е.Ќ. од струшко Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено продолжени кривични дела „измамување на купувачи“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“.

Кривична пријава заработи и 53-годишниот С.П. поради постоење основи на сомнение за продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

– Е.Ќ. во текот на 2017 година нелегално набавил или украл дрвна маса, која била нелегално набавена и со употреба на погодно средство им ги отстранил ознаките. Од С.П. побарал да му стави службени ознаки – жиг. Потоа, првопријавениот изготвил уште три деловни испратници во кои внел лажни податоци. Со таквите дејствија на првопријавениот му било овозможено да се стекне со имотна корист од 230.400 денари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука