октомври 31, 2017

Струга, 31. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „разбојништво“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 52-годишниот Б.Д. од прилепското село Ново Лагово.

– Казнените дела тој ги сторил на 18-ти овој месец, во 09:15 часот пред аптека на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Тука го забележал вработениот во аптеката и видно агресивно, со нож во рацете и со закани по неговиот живот, побарал да му даде седативи. Вработениот успеал да се сокрие во аптеката и настанот го пријавил во полициската станица, каде набрзо пристигнале полициски службеници. При нивната интервенција, Б.Д. со ножот во рацете пружал активен отпор и продолжил со закани кон униформираните полициски службеници. Тој е приведен во полициска станица каде со него е извршен разговор, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука