Битола, 5. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Битола поднесе две кривични пријави, против две лица поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „Тешка кражба“ и „Тешка кражба во обид“.
– Кривични заработија 19-годишниот М.Ш. од Струга и 33-годишниот Н.С. од Ресен. Пријавениот М.Ш. на втори јануари оваа година насилно влегол во три куќи во селото Лавци и предизвикал вкупна материјална штета од 370.000 денари. Пријавениот Н.С. во периодот од 12-ти јуни до 14-ти јули оваа година, во повеќе наврати преку влезната врата влегувал во хотелот „Китка“ во Ресен, и со одвртување и сечење одзел околу 80 радијатори, а од кујната одзел два бојлери на струја од 80 литри, електричен шпорет, алуминиумски лонци, алуминиумски чајници, росвајтни чаши и друг кујнски прибор. Пријавениот одземените предмети ги продавал во Ресен и Охрид, предизвикувајќи вкупна материјална штета од околу 120.000 денари, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива