август 18, 2017

Струга, 18. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – 37-годишниот С.Џ. од Тетово заработи кривична пријава, за сторени кривични дела „кражба“ и три кривични дела „тешка кражби на дрзок начин“.

– На втори овој месец, во периодот од 15:30 до 20:00 часот, на градската плажа во Струга, пријавениот од женска чанта одзел мобилен телефон и 5.000 денари. Исто така, во периодот од 29-ти јули до 5-ти август оваа година, во Струга, во повеќе наврати во близина на Градскиот пазар, пријавениот успеал да одземе мобилен телефон и три паричници, во кои имало 580 евра и 20.400 денари, информират од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука