јануари 23, 2017

Охрид, 23. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23 – годишниот А.М. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсорси”.

На 31-ви јули 2016 година, на паркинг, полициски службеници забележале паркирано возило во кое на задното седиште бил затекнат пријавениот. Кај него била пронајдена една најлонска ќеса со наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 5,13 грама.

Во друг случај, поднесена е кривична пријава против 28-годишниот М.М. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсорси”.

На 29-ти јули минатата година полициски службеници извршиле преглед над пријавениот. Кај него пронашле рачно изработена цигара – џоинт со опојна дрога марихуана со тежина од 0,51 грам. Потоа извршиле претрес во објектот каде престојувал пријавениот. Таму била пронајдена опојна дрога марихуана со нето маса 4.49 грама, односно  пронајдена е опојна дрога марихуана со вкупна тежина од 5 грама. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука