Струга, 18. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишниот Л.М. и една година помладиот М.Б., државјани на Република Италија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.
– Пријавените преку адвокат – полномошник отвориле две фирми во селото Лабуништа, Струга и на име на фирмите отвориле банкарски сметки во Халк Банка и поднеле барање за инсталација на ПОС терминали. По отворањето на банкарските сметки и ПОС терминали од претходно набавени броеви од платежни картички со туѓи податоци направиле обид за вршење на трансакции, информриаат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива