јуни 28, 2017

Струга, 28. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.И. (82) од струшкото село Подгорци и А.Е. (56) од селото Калишта.

Пријавениот С.И. нелегално односно без одобрение, на катарстарска парцела во селото Подгорци  започнал со градба на ограда. Второпријавениот А.Е. пак отпочнал со нелегална градба на катарстарска парцела во струшкото село Калишта.

Од страна на градежна инспекција при Општина Струга донесено е решение  за  отстранување на нелегалните градби. (Крај)

извор: СВР   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука