јануари 10, 2017

Цирих, 10. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Играчот на Реал Мадрид ,Кристијано Роналдо,во изборот на ФИФА е прогласен за најдобар во светот.Пред еден месец португалецот ја доби и „Златната топка“  од France Football со што ја потврди супериорноста во 2016-та, во која ја освои ЛШ и Европското првенство.

Наградата за животно дело ја доби најдобриот футсал играч во историјата, бразилецот Фалкао, а наградата за фер-плеј му припадна на колумбискиот клуб Атлетико Насионал.

Наградата „Ференц Пушкаш“ за најдобар гол на годината ја доби Малезиецот Мохд Фаиз Субри за голот кој го постигна на мечот Пенанг-Паханг во малезиската лига. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука