Ниш/Охрид, 9. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Ученикот Кристијан Војдиноски од V-1 одделение при ООУ „Кочо Рацин“ Охрид, под менторство на наставничката Виолета Петковска ја освои третата награда на шестиот „Таблин“ Меѓународен конкурс „Божиќ – Празник радости“ кој се одржа во Ниш, Република Србија.
Наградата ученикот ја доби во категоријата „компјутерски цртеж“ во конкуренција од повеќе од 400 пристигнати цртежи во библиотеката „Старец Никанор Хиландарац“ во Ниш.
– За ученикот Кристијан Војдиноски ова е веќе втора меѓународна награда, информираат од ООУ „Кочо Рацин“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива