јануари 26, 2015

Охрид, 26. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во културно-информативниот центар „Култура 365“, на 7-ми февруари ќе се одржи поетска средба на која ќе се претстават различни поети.

За да учествуваат на оваа литературна средба, заинтересираните можат да се пријавуваат најдоцна до 31-ви јануари со три свои творби.

Средбата ќе се организира по повод роденденот на големиот холандски писател и пријател на Македонија, А. ден Долард.

Охридскиот автор Мишо Јузмески пред неколку години  ја напиша и книгата „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ која е резултат на неговото долгогодишно истражување на животот и делото на холандскиот писател и вљубеник во Македонија, А. ден Долард.

извор: ОхридПрес фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука