февруари 18, 2018

Минхен, 18. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – САД имаат економска моќ како никогаш досега, но се повлекуваат од светската сцена, па сега Кина ја пополнува таа празнина во политичка и економска смисла, изјави во Минхен австрискиот канцелар, Себастијан Курц.

Тој нагласи дека во светот дошло до „очигледна промена“ на глобалната рамнотежа на силите, а во такви услови Европската унија е парализирана поради „прилив на прописи“.

– За да обебзедиме мир во ЕУ, уште одамна се ослободивме од границите, но без соодветна заштите на надворешните граници тие граници се во опасност, изјави Курц во обраќањето на Минхенската безбедносна конференција.

Во такви услови, според Курц, реалност станува она што до неодмана изгледало незамисливо – повторни контроли на границите во ЕУ.

– Само доколку ние решаваме кој може да дојде кај нас и само ако самите ги штитиме границите, можеме да бидеме сигурни дека во иднина ЕУ ќе биде без внатрешни граници, порача Курц.(Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука