Милано, 28. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во второто четвртфинале на Копа Италија, Милан го доби дербито против градскиот ривал Интер со 1-0.
Херој на домашната екипа беше Патрик Кутроне, кој го постигна единствениот погодок на натпреварот и донесе голема победа дури по продолженијата откако мечот во регуларниот дел заврши 0-0.
Моментот на одлука пристигна во 104. минута, кога активниот Сусо центрираше до Кутроне, кој погоди за конечни 1-0 и пласман на Милан во најдобрите четири.
Таму, екипата на Џенаро Гатузо ќе се сретне со Лацио, кој минимално ја победи Фиорентина со 1-0. (Крај)
извор: Гол.мк фото: архива