март 18, 2020

Лас Вегас, 18. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Гувернерот на Невада наредил привремено да се затворат сите казина во државата што значи дека сите 440 лиценцирани казина во Лас Вегас нема да работат.

Поради ова иднината на бизнисот е во прашање па Бил Милер, претседател на Американската заедница на игри на среќа, ја замолил владата за помош.

– Невада е епицентар на нашата индустрија. Владата мора брзо да дејствува за да им олесни на соседите и пријателите во Невада, но и во целата САД каде вакви тешки но потребни мерки се донесени – вели тој.

Коронавирусот се прошири низ целиот свет, па така во САД 4.226 лица се заразени од новиот вирус, а 75 се починати. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука