мај 26, 2021

Охрид, 26. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Леонид Тодороски од ООУ „Григор Прличев“ од Охрид е прогласен за државен првак за осмо одделение на државниот натпревар по математика, кој се одржа на 15-ти и 16 мај оваа година.

Леонид, кој е ученик во 8 одделение, убедливо ја освои првата награда со 95 поени, под менторство на наставникот по математика Александар Ангелевски.

Со овој успех Леонид обезбеди учество на математичката олимпијада. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука