Ливерпул издвои 75 милиони фунти за дефанзивец на Саутемптон

Ливерпул, 28. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ливерпул ќе потпише договор со Виргил ван Дајк во јануари откако се согласија да платат 75 милиони фунти за холандскиот интернационалец, кој ќе стане најскапиот одбранбен играч во историјата.

„Ливерпул може да потврдат дека има договор со Саутемптон за трансферот на Виргил ван Дајк. 26-годишниот дефанзивец ќе дојде на ‘Енфилд’ на стартот на трансфер-периодот на 1 јануари 2018 година“, се вели во соопштението од Ливерпул.

Пред Ван Дајк најскап одбранбен играч беше Бенжамин Менди, за кој Манчестер сити му плати на Монако 49.4 милиони фунти во јули оваа година. (Крај)

извор: Шеталиште фото: архива

scroll to top