септември 26, 2019

Охрид, 26. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека в понделник, 30-ти септември во катедралната црква „Света Софија“ – Охрид, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“.

На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ – Охрид (едноцрквие).

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на присуство и заедничко прославување на овој празник. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука