јануари 20, 2018

Охрид, 20. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – По повод денешниот празник, Собор на Свети Јован Крстител, во црквата „Св.Јован Богослов“ – Канео ќе се служи света архиерејска златоустова литургија, со почеток во 08:45 часот.

Света златоустова литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот. Во Плаошкиот манастир „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ денес нема да има богослужба. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука