октомври 31, 2014

Струга, 29. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти овој месец при вршење на мотопатролна дејност  во струшкото село Дренок бил затекнат 30-годишниот Ч.А. од Либражд, Република Албанија  како товари огревни дрва.

При извршената проверка, констатирано е дека лицето има остварено илегален влез во Република Македонија во близина на граничниот премин Ќафасан и има важечка забрана до 7-ми август 2017 година.

Лицето е приведено, а ќе му биде изречена мерка Забрана за влез во Република Македонија до 29-ти октомври 2019 година. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука