Лишен од слобода 53-годишен охриѓанец кој физички ја нападнал сопругата

Охрид, 27. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 26-ти јануари 2023 година, во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 53-годишниот З.Р. од Охрид затоа што претходно во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата сопруга и се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

scroll to top