февруари 8, 2017

Струга, 8. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Унапредување на организациите преку креативни решенија на уметниците е целта на меѓународниот проект Western Balkan Creative Clash/WBCC финансиран од програмата на BalkanArt&Culture fond, кој ќе го спроведува Локалната агенција за развој од Струга.

Струшката агенција е партнер во заедно со партнерите од Србија, Култура Нова, Урбан Нова од Црна Гора и ТИЛЛТ од Шведска.

– Преку овој проект ќе го промовираме методот на Уметнички интервенции во организации (Artistic interventions in organisations) AIO на територијата на Балканот, метод преку кој уметниците, своите вештини и знаења би ги примениле во неуметничко опкружување. Методот на AIO претставува процес во кој луѓето, производите, или праксите од уметничкиот свет влегуваат во оргазнизациите со цел да го подржат или поттикнат организацискиот развој, велат од Локалната агенција за развој.

Резултатот од овие процеси овозможува учесниците и организацијата клиент, да ги перцепира своите проблеми и задачи од нова перспектива. Развојот на културата и креативните решенија можат значајно да го унапредат економскиот и општествениот развој особено ако соработката помеѓу деловниот свет, јавните услуги и уметноста, стратешки се воспостават.

Creative Clash е европска мрежа која ги мапира и обединува продуцентите на уметнички интервенции во организации низ Западна Европа, а е иницирана од социјалното претпријатие ТИЛЛТ Шведска, кои од 2009 работат на промоција на АИО концептот, на негово воведување и развој – како поттикнувач на радикални иновации во деловните и социјалните сфери на општеството. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука