јануари 30, 2015

Цирих, 30. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во трката за местото претседател на меѓународната фудбалска организација се приклучи и легендата на португалскиот и светскиот фудбал Луис Фиго.

Португалецот е оптимист и верува дека може да донесе свежина во ФИФА, која во последно време е „легло“ на корупција, лаги и измами.

Покрај Фиго, од претходно кандидатуре имаат поднесено :Сеп Блатер, Али Бин Ал Хусеин, Мишел Ван Праг, Жером Шампањ и Давид Жинола. (Крај)

извор: Спорт ТА фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука