февруари 24, 2015

Девенпорт, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Јадењето по рестораните понекогаш може да има и позитивно влијание.

Научниците испитувале 35 жени на возраст меѓу 40-59 години. Дваесет од нив ја применувале шестседмичната програма за превенција против вишокот на килограми додека се хранат надвор. Останатите 16 се хранеле без да се придржуваат кон специјална програма.

Резултатите покажуваат дека жените од првата група се многу построги кон работите кои ги консумираат откако се запознале подетално со содржината на храната и последиците од нејзината потрошувачката. Тие слабееле по околу 2 кг за време на периодот.

Клучно за ваквите резултети е тоа што во рестораните за секој поединец следува предвидена порција, која во домашни услов, на пример, може да биде удвоена. (Крај)

извор: BBC фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука