февруари 17, 2015

Париз, 17. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – По пауза од два месеци денеска ќе продолжи нокаут фазата во фудбалската Лига на шампионите.

Во следниве две недели ќе се одиграат првите осминафинални натпревари, а вечерва ќе се одиграат натпреварите помеѓу ПСЖ – Челзи и Шахтјор – Баерн Минхен.

Реванш натпреварите во Лондон и Минхен ќе се одиграат на 11-ти март, а утревечер на програмата се мечевите  Базел – Порто и Шалке – Реал Мадрид.

Следната надела, на 24-ти февруари ќе играат Манчестер Сити – Барселона и Јувентус – Борусија Дортмунд, додека на 25-ти февруари ќе играат Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид и Арсенал – Монако. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука