февруари 14, 2015

Скопје, 14. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – РК Вардар Вардар вечерва со почеток од 19 часот во арената “Јане Сандански” го пречекува францускиот Монпеље во претпоследниот меч од првиот круг во Лигата на шампионите.

Доколку победи нашиот состав ќе го обезбеди третото место на табелата во “Ц” групата, но тоа ќе значи и задржување на шансите во борбата за второто место за кое ќе се одлучува во последното коло на гостувањето во Германија против Рајн Некар Ловен.

Вториот наш претставник во ЛШ, екипата на Металург утревечер му гостува на германскиот Кил. (Крај)

извор: Спорт ТА фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука