февруари 18, 2015

Париз, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Синоќешната нокаут фаза во Лигата на шампиони започна со нерешени резултати на мечевите кои се играа во Париз и Лвов.

Дерби дуелот на оваа фаза помеѓу ПСЖ и Челзи заврши 1-1, додека Шахтјор и Баерн на неутрален терен одиграа натпревар без голови (0-0).

Стрелци на головите во Париз беа Ивановиќ и Кавани, а реваншите натпреварите во Лондон, односно Минхен ќе се одиграат за две недели.

Вечерва на програмата се дуелите Шалке – Реал Мадрид и Базел – Порто. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: Б92

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука