февруари 18, 2015

Гелзенкирхен, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Реал Мадрид на денешното гостување против Шалке во ЛШ ќе биде засилена со Пепе, откако Португалецот ги надмина проблемите со повредата и се најде на списокот на патници за мечот во Гелзенкирхен.

Пепе се повреди за време на мечот со Атлетико Мадрид во Купот на Шпанија, а лекарските прегледи покажаа дека станува збор за кинење на мускулно влакно.

Вториот вечерашен дуел во најквалитетното натпреварување на стариот континент ќе го одиграат швајцарскиот Базел и Порто. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука