јануари 24, 2017

Охрид, 24. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за културно-научна дипломатија при Министерството за надворешни работи на Унгарија, Иштван Иѓарто потенцира дека стопанската соработка меѓу Македонија и Унгарија се карактеризира со динамично проширување.

– Во изминатите години близу 20 билатерални спогодби беа склучени од областа на економијата. Со унгарската државна поддршка од април 2017 година повторно тргнува авионскиот сообраќај на релација Будимпешта – Скопје, кој може да претставува нова економска, пред сè, туристичка можност помеѓу нашите држави. Покрај туризмот, одлични можности за соработка гледаме на полето на енергетиката, водостопанството, екологијата, земјоделството, објасна Иѓарто.

Заменик министертот за насворешни работи на Република Македонија, Илија Исајловски издвои дека Република Македонија и Република Унгарија соработуваат во повеќе сфери, пред сè економијата, образованието и науката.

– Интересот за соработка во економијата од двете страни е значително поголем, особено преку зголемената трговска размена, која колку за илустрација, минатата година надмина 150 милиони евра. Во изминатите над 20 години, благодарение на посветеноста од двете страни и заедничките напори, со Унгарија изградивме цврсти пријателски односи, воспоставивме патнерска соработка во повеќе области и негуваме можне активен и квалитетен политички дијалог, кој е изразен меѓу министрите за надворешни работи, дополна Исајловски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука